Албанската пејачка и ТВ-водителка Биг Мама го прослави својот 32. роденден во голем стил.
Големата забава се одржа во студиото на нејзината матична телевизија „ТВ 21“, а меѓу многуте пријатели и соработници чест и направи и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ама и поранешниот министер за економија, Ваљон Сарачини.
Меѓу гостите беа и Аделина Тахири, Коки од „Тајфата“, Елена Стефановска, Ненад Георгиевски, Зоран Шурбески и многу личности од јавниот живот во Македонија.
Сепак Џафери беше во центарот на вниманието на забавата и беше еден од највеселите гости.
Фото: Репортер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.