Било каде во светот, притисок врз медиуми е кога политичар јавно ќе му се закани на некој медиум, новинар, снимател, уредник, продуцент или било кој вработен во регистрирано гласило. Само во Македонија ситуацијата е обратна – политичарите не само што им се закануваат на новинарите, туку и повикуваат на прогон и јавен линч. Оваа пракса претставена, промовирана, поддржана и реализирана од СДСМ продолжува во континуитет. Откако вчера партискиот лидер Заев ги прогласи новинарите за непријатели, а од неговата изјава не се оградија ниту од СДСМ, ниту неговите први соработници, туку напротив, искажаа нови закани и се закануваат со прогон – пишува Вечер.
Весникот ја коментира и заканата на Петре Шилегов кон Драган Павловиќ Латас, на што главниот уредник на Сител и генерален секретар на МАН одговори:
– Патем Шилегов се збунил. Јас никогаш не сум бил во казнено-поправна установа, таму бил неговиот шеф Зоран Заев, па излегол со аболиција на Бранко Црвенковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.