Овластен потписник на сметката на ловечко друштво од струмичко Ново Село, си префрлал пари од друштвото на фирмата на својата сопруга.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.С.(49) од село Ново Коњарево, овластено лице за застапување на Општинското ловечко и роболовно друштво „Елен“ – Ново Село за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Во текот на 2010 година, пријавениот без одлука на Управниот одбор од сметката на друштвото „Елен“ префрлил парични средства во износ од 1.000.000 денари на име на аванс на сметката на фирмата „Инекс БС“ ДООЕЛ, сопственост на неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.