| четврток, 6 декември 2018 |

Земал телефон, а му повлекле 90.000 денари – внимавајте со купувањето преку интернет

Вчера, Б.А.(30) од село Пирок- тетовско пријавил злоупотреба на неговата платежна картичка од страна на непознати сторители. На 07.11.2017 година, преку социјална мрежа нарачал мобилен телефон и ги внел личните податоци и бројот на платежната картичка, издадена од една од банките во Тетово.
Кога по извесно време ја проверил состојбата на сметката, констатирал дека во периодот од 20.11.-27.11.2017, во девет наврати од истата му биле подигнати 90.218 денари.
Се работи на целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top