Сите мислеле дека е првоаприлска шега, кога на први април, 25 годишниот Кери МекКоок им кажал на своите пријатели дека го прегазил елен. Никој не му верувал, уште пострашно, не му верувала ниту мајка му кога и се јавил и и раскажал.
– И кажав „мамо ме прегази елен пред хотелската соба“, а таа се насмеа и ми кажа „имам слушнато и подобри шеги“- раскажува Кери.
Дури кога во хотелот пред кој бил прегазен од еленот била прегледана снимката од сигурносните камери, МекКоок ја докажал вистината.
– Се уште не верувам дека ме удри елен. Слушнав три тропања, се свртев на лево, и пред да нешто можам да дознаам за што се работи, ме удри и завршив на земја- додава Кери.
Додека не ја видел снимката,и самиот почнал да се сомнева во себе дека се работи за елен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)