Во просториите на Агенцијата за филм на Македонија (АФМ) денеска се одржува работилницата што Агенцијата ја организира во рамките на конкурсот за поттикнување пишување домашни сценарија, а во соработка со Кристијан Рут, раководител на програма во Скриптист, соопштија од АФМ.
Целта на оваа работилница е подносителите на барање за поддршка, односно партиципантите да ги развијат своите идеи со концепт што ќе биде одржлив за натамошна поддршка од страна на Креативна Европа во потпрограмата-МЕДИЈА. Република Македонија од јули оваа година е членка на Креативна Европа потпрограма МЕДИЈА и веќе конкурсите од оваа потпрограма се достапни за нашите филмски работници.
Идеи што ќе се развиваат во прв драфт на сценарио во рамките на работилницата се „Сестра“ на сценаристите Дина Дума и Мартин Иванов, „Сами“ на сценаристот Драгана Лукан Николовски, „Петар“ на сценаристот Георги М. Унковски и продуцентот Дарко Попов од продуцентската куќа „Фокус покус“, „Адела, Новинар“ на Елеонора Венинова, „Скриена камера“ на Томислав Алексов, „Несудени“ на Марко Црногорски „Нема да си сама“ на Горан Столевски.
Во текот на три дена експертот Кристијан Руд ќе работи на развојот на шест идеи за долгометражен филм и во рамките на работилницата, освен инвидуални состаноци и развој на секоја идеа поединечно, тој во сесии наменети за сите партиципанти ќе се обиде да им пренесе дел од своето знаење и вештини во сегментот на развојот и тоа: како успешно да го презентираат сценариото и себеси, како функционира индустријата, структурата на сценариото и начинот на карактеризација, дијалог и пишување сцени.
Скриптист е независна филмска фондација, која организира програми за обука специјално дизајнирани за талентирани сценаристи од Источна и од Централна Европа. Целта на оваа организација е да ги избере најдобрите сценарија и автори и со помош на меѓународни стручњаци да помогне во развојот на сценариото на филмските проекти кои имаат потенцијал да ги надминат бариерите на локалната приказна и да добијат поширока публика.
Основата на програмата „Скриптист“ не е учење на авторите да напишат сценарио, туку се движи во насока да обезбеди поголема конкурентност на најдобрите проекти.
Кристијан Рут е стручњак за сценарио и филмски консултант со седиште во Каталонија, Шпанија. Оттаму работи за голем број на режисери, продукциски компании и државни институции,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Младите синеасти во фокусот на Европската програма Less is more (LIM)
-
На фестивалот во Олденбург, Агенцијата за филм ќе ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање
-
Агенцијата за филм потпиша меморандум за соработка со Друштвото на филмски работници
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка