Стапката на невработеност во Грција во јануари годинава достигна ново рекордно ниво од 27,2 проценти, соопшти грчката статистичка агенција.
Лани во декември невработеноста во Грција изнесуваше 25,7 отсто, а во јануари 2012 – 21,5 проценти.
Стапката на невработеност меѓу младите Грци на возраст од 15 до 24 години во првиот месец од оваа година достигнала 59,3 проценти.
Грција веќе шеста година се наоѓа во рецесија и опстојува со меѓународна финансиска помош, за чија исплата земјата е должна да спроведува строги мерки на штедење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.