Директорката на Агенција за филм на Република Македонија, м-р Мими Ѓоргоска Илиевска одржа работна средба со македонските продуценти со цел да се продлабочи соработката меѓу Агенцијата за филм и продуцентите, како основни двигатели во создавањето на македонскиот филм.
Средбата помина во конструктивна атмосфера и на истата беа изнесени досегашните искуства и сугестии на продуцентите за имплементацијата на Законот за филмска дејност во однос на евалуацијата на проектите, содржината на правилниците, конкурсите за финансирање, промоцијата и дистрибуцијата на македонските филмови и слично.
Во рамките на оваа средба, се констатираше дека е потребно што поскоро да се донесе Стратегијата за филмска дејност, со активно вклучување на филмската фела во изработката на истата. Воедно, од страна на продуцентите позитивно беше нотирана културната стратегија на државата во однос на финансирањето и поддршката на филмската дејност во Македонија.
Директорката на Агенцијата за филм истакна дека ќе ги земе во предвид дадените сугестии и во интерес на унапредувањето на филмската дејност во иднина ќе се залага редовно да биде во комуникација со продуцентите со единствена цел да се изнаоѓаат заеднички решенија за создавање на квалитетни филмски дела кои ќе бидат достоен репрезент на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Младите синеасти во фокусот на Европската програма Less is more (LIM)
-
На фестивалот во Олденбург, Агенцијата за филм ќе ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање
-
Агенцијата за филм потпиша меморандум за соработка со Друштвото на филмски работници
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка