| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот институт во Скопје организира дебата и филмска проекција посветени на климатските промени

Францускиот институт во Скопје оваа недела организира два културни настани во чест на големата Конференција на Обединтетите нации за климатски промени COP21, којашто се одржуваод 30 ноември до 11 декември во Париз.

В среда, 2 декември, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија, ќе се одржи проекцијата на филмот “По дождот“ на македонската режисерка Билјана Гарванлиева. Филмот прикажува четири жени од Македонија, коишто се бават со земјоделство и припаѓаат на различни возрасни групи, како и нивниот процес на прилагодување на на климатските промени.

Влезот е бесплатен.

В четврток, 3 декември, во 19 чasot, во Францускиот институт во Скопје, ќе се одржи дебата, насловена како „Заборавената врска помеѓу исхраната и климатските промени“. Учество ќе земат: проф. д-р Ирина Младеновска, професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, г-дин Горан Ангеловски, Претседател на Федерацијата на органски производители на Македонија и г-дин Жарко Василевски, производител на органска храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top