Утре (3 декември, четврток) во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе биде прикажана претставата „Чекачот“ од Трајче Кацаров. Станува збор за пиеса работена според романот „Јад“ на Кацаров (издание на „Матица македонска“), а во интерпретација на Трајче Јованов. За романот „Јад“ ке зборува писателот Христо Петрески, а програмата ќе ја води Александра Велинова.
Трајче Кацаров (1959) е поет, раскажувач, романсиер, есеист и драмски автор. Работи како директор на Народниот театар во Штип. Уредник е на списанието „СУМ“. Член на ДПМ е од 1991 година. Автор е на дваесетина книги, меѓу кои: „Во подмишките на будилникот“, “Го следите ли Хорхе“, „Емигрантот Цвик“ (поезија), „Да не беше дождот“, „Ноќта во која светилката не треба да згасне“ (драми), „Календар за годините што поминале“, „Единство на лицата“ (театарски есеи), „Татко и отец“ и „Јад“ (романи). Добитник е на повеќе книжевни награди, меѓу кои: „Рациново признание“, „Григор Прличев“ за поема, „Јован Котески“ и „Прозни мајстори“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.