| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во рикверц за 10 позиции на листата на ФИФА

Македонската репрезентација назадуваше за точно 10 позиции, по двата порази од Белгија, и од денеска е на 83. место на светската ранг-листа во фудбал што ја прави ФИФА. Имаме 441 бод и сме најслаборангирани од сите селекции во нашата квалификациска група за пласман на Светското првенство во Бразил следната година.

Хрватска напредуваше за одлични пет позиции и сега е четврта светска фудбалска сила. Белгија е 16., Србија се најде на 40. место, девет скалила зад неа е Велс, а Шкотска е блиску до нас, на 77. место.

На врвот кај водечкото трио немаше промени, па Шпанија остана лидер, пред Германија и Аргентина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top