| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Зоран Цвијановиќ собира донации за школување

Иако татко и се најде во големи финансиски проблеми, заради кои го загуби и станот, Милена Цвијановиќ сака да ги собере парите за школување за да го оствари својот сон, заради што и нејзиниот татко актерот Зоран Цвијановиќ уплатил 50 долари.

milena-cvijanovic

Таа се запиша на познатиот Беркли Универзитет, стипендијата и покрива дел од школарината, помогнале и родителите, но за да следниот септември и официјално биде студент на престижниот универзитет, недостасуваат пари кои одлучила да ги собере а овој начин.

За 30 дена колку е отворен фондот на специјалниот интернет сајт за донации, ќерката на актерот собрала околу 800 долари. Меѓу првите десетмина се и половина од ватерполо репрезентативците на Србија. Сепак, прв донатор е таткото Цвбијановиќ со симболични 50 долари.

На Милена и недостасуваат уште 7.000 долари за да го оствари својот детски сон. Годишната школарина чини 40.000 долари, а голем дел од парите се обезбедени од стипендијата и од родителите.

zoran-cvijanovic

Српските медиуми пренесуваат дека актерот татковски го употребил сиот свој кредибилитет и последната година, и покрај сите проблеми, одел „од врата на врата“ во потрага по пари за своето дете.

Таа е голем музички талент, завршила клавир на музичко училиште, а го положила и приемниот испит за универзитетот во Бостон, САД.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top