| четврток, 6 декември 2018 |

МАН ја осуди изјавата на Заев кој како свои политички непријатели ги легитимираше медиумите

Nake-mediumi-1

– Бараме од сите медиуми, посредникот Питер Ванхауте и ВМРО-ДПМНЕ веднаш и неодложно да ги напуштат политичките преговори за медиумите, бидејќи тоа е кроење на закони (според изјавата на Заев) со неговиот политички непријател. Уште еднаш повторуваме дека остануваме на повикот до нашите членки да не ги покриваат престојните вонредни избори, доколку продолжи ваквиот однос на опозицијата со директни закани, уцени и обид за замолчување – се вели во соопштението на МАН

МАН бара СДСМ сериозно да размисли за изјавите и за постапките на својот претседател Зоран Заев.

– Човекот што го претвори бизнисот го во рекет и корупција, а  политиката во лузерство, сега е во војна со медиумите и тоа отворено го признава. Бараме СДСМ да се огради од изјава на Заев и да започне постапка за негова смена. Доколку не го сторат тоа – освен бојкот на изборните активности, ќе ги повикуваме нашите членки целосно да ја бојкотираат работата на СДСМ.

Истовремено, бараме итен состанок со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и САД  по оваа директна закана до медиумите од претседателот на СДСМ Зоран Заев, додаваат од Македонската асоцијација на медиуми.

Ваквата реакција доаѓа по денешната прес-конференција на Заев, каде што тој изјави дека медиумите му се непријатели и дека истите ги смета за политички непријатели на опозицијата.

-Во моментов, став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција, се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа телевизија, Дневник и Македонската радио-телевизија – изјави денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top