| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово ги собира македонските репрезентативци, по Трајковски на ред е Симоновски

marko simonovski

Управата на КК Куманово кој минатата година играше во финалето на плеофот, решена е оваа сезона да се искачи скалило погоре и по неколкуте сезони во самиот врв на македонската кошарка да го освои и шампионатот.
Слабиот старт на почетокот од ова првенство, не го обесхрабри раководството, и почна да ги засилува сите линии на тимот.
По потпишувањето на договорот со македонскиот репрезентативец Бојан Трајковски, кој премина од редовите на Работнички со кој имаше „отворен“ договор, следен на желбите во кумановскиот тим е уште еден репрезентативец на Македонија.
Марко Симоновски кој се очекуваше да биде еден од носителите на играта кај шампионот МЗТ Скопје, по серијата на повреди го раскина договорот со управата на металците, и сега е на мета на Куманово. Одличниот шутер е при крај со рехабилитацијата и секако нема да има проблем да најде следен клуб. За него се заинтересирани неколку македонски тимови, а се чини најбилску до услугите е Куманово кој веќе испратил конретна понуда на адресата на Симоновски.
Преговорите се започнати и се очекува во најкраток можен период да се стави потпис на договорот од двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top