| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Стиков: Мо­зо­кот ка­ко ве­чен пре­диз­вик

Ни­ко­ла Сти­ков е пр­ви­от Ма­ке­до­нец што дип­ло­ми­рал, ма­ги­стри­рал и до­кто­ри­рал на пре­стиж­ни­от Уни­вер­зи­тет „Стан­форд“ во САД, а истра­жу­ва­ња­та му се во об­ла­ста на кван­ти­та­тив­на­та маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја и неј­зи­на­та при­ме­на во пси­хо­ло­ги­ја­та и во не­вро­ло­ги­ја­та. Иа­ко млад, ус­пеа во Ма­ке­до­ни­ја да ги до­не­се нај­го­ле­ми­те авто­ри­те­ти во оваа об­ласт на кон­гре­си за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, а жел­ба му е во Ма­ке­до­ни­ја да се по­ста­ват те­ме­ли­те на ма­ке­дон­ски ин­сти­тут за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, ме­сто ка­де што ќе се пра­кти­ку­ва врв­на ди­јаг­но­сти­ка и ме­ѓу­на­род­но фи­нан­си­ра­на на­у­ка

Ни­ко­ла Сти­ков (34) е истра­жу­вач на Не­вро­ло­шки­от ин­сти­тут при Уни­вер­зи­те­тот „Ме­кгил“ (McGill) во Мон­тре­ал, Ка­на­да. Сти­ков е пр­ви­от Ма­ке­до­нец што дип­ло­ми­рал, ма­ги­стри­рал и до­кто­ри­рал на аме­ри­кан­ски­от Уни­вер­зи­тет „Стан­форд“. Не­кол­ку го­ди­ни ра­бо­ти во Кве­бек, Ка­на­да и истра­жу­ва­ња­та му се во об­ла­ста на кван­ти­та­тив­на­та маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја и неј­зи­на­та при­ме­на во пси­хо­ло­ги­ја­та и во не­вро­ло­ги­ја­та. Тој е на­уч­ник во ви­стин­ска смис­ла на збо­рот, ко­го отсе­ко­гаш го ин­те­ре­си­ра­ле фи­зи­ка­та и ма­те­ма­ти­ка­та. Ни­ко­ла е се­ме­ен чо­век, кој жи­вее во Кве­бек со со­пру­га­та Дра­га­на и со две­го­диш­ни­от син Але­ксан­дар. Се­ко­гаш ко­га е во мож­ност до­а­ѓа во Ма­ке­до­ни­ја, ги сле­ди нат­пре­ва­ри­те на ма­ке­дон­ски­те ре­пре­зен­та­ции, са­ка до­бра му­зи­ка, ужи­ва да оди на кон­цер­ти, сле­ди сѐ што е но­во во филм­ски­от свет. Мо­зо­кот му е веч­на пре­о­ку­па­ци­ја и истра­жу­ва­ње­то му е го­лем пре­диз­вик. На не­го­ва пре­по­ра­ка на уни­вер­зи­те­тот ка­де што ра­бо­ти има двај­ца Ма­ке­дон­ци на усо­вр­шу­ва­ње – ра­ди­о­ло­гот Ди­ми­тар Ве­ља­нов­ски и Ли­ла Ландс­берг (ра­ди­о­ло­шки тех­но­лог), обај­ца­та од скоп­ска­та бол­ни­ца „8 Сеп­тем­ври“. На нив­ни­от пре­стој и обу­ка на „Ме­кгил“ мо­же да се гле­да ка­ко на еден од не­оп­ход­ни­те че­ко­ри  во гра­де­ње­то тим за истра­жу­ва­ња во Ма­ке­до­ни­ја.

IMG_0351 copy

д-р Никола Стиков на одбраната на докторската теза на Станфорд

Во мај во Охрид ќе се одр­жи кон­грес во ор­га­ни­за­ци­ја на про­фе­со­рот Ан­то­ни Но­вот­ни и на Свет­ска­та пси­хи­ја­три­ска асо­ци­ја­ци­ја, а пре­тсе­да­тел на на­уч­ни­от од­бор е ака­де­мик Го­разд Ро­сок­ли­ја, про­фе­сор на Ме­ди­цин­ски­от фа­кул­тет при Уни­вер­зи­те­тот „Ко­лум­би­ја“ и еден од ли­де­ри­те на на­уч­на­та мис­ла во об­ла­ста на ши­зо­фре­ни­ја­та. На кон­гре­сот свое из­ла­га­ње ќе има и д-р Ни­ко­ла Сти­ков.

– Со про­фе­со­рот Ро­сок­ли­ја се за­поз­нав­ме во не­фор­мал­на ат­мо­сфе­ра,  во „Ир­ски­от паб“ во Скоп­је, ко­га му по­ба­рав по­мош во ор­га­ни­за­ци­ја­та на се­ми­на­рот за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја и от­то­гаш има­ме ре­дов­на ко­му­ни­ка­ци­ја. Тој го ме­ри со еле­ктрон­ски ми­кро­скоп тоа што јас са­кам да го из­ме­рам со маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја – мо­зоч­на­та ми­кро­стру­кту­ра кај бол­ни­те од ши­зо­фре­ни­ја. Од оваа до­пир­на точ­ка се раз­ви­ва на­ша­та до­се­гаш­на со­ра­бо­тка. Проф. Ро­сок­ли­ја без­ре­зерв­но ги под­др­жу­ва ини­ци­ја­ти­ви­те за истра­жу­ва­ње со МР во Ма­ке­до­ни­ја и про­ле­тва на кон­гре­сот за пси­хи­ја­три­ја во Охрид ќе ги пре­зен­ти­ра­ме на­ши­те идеи за ин­те­гра­ци­ја на маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја и на еле­ктрон­ска­та ми­кро­ско­пи­ја во про­у­чу­ва­ње­то на ши­зо­фре­ни­ја­та – ве­ли д-р Сти­ков нај­а­ву­вај­ќи го сво­е­то до­а­ѓа­ње во Ма­ке­до­ни­ја про­ле­тва.

Чеп­ка­ше фи­зи­ка, ма­те­ма­ти­ка, а ка­ри­е­ра­та му се дви­жи во ме­ди­ци­на­та

Ни­ко­ла Сти­ков од 16 го­ди­ни жи­вее во странс­тво. Прв­пат за­ми­нал ка­ко сред­но­шко­лец, во тре­та го­ди­на гим­на­зи­ја, па се вра­тил да се до­шко­лу­ва во скоп­ска­та гим­на­зи­ја „Ра­де Јов­чев­ски – Кор­ча­гин“. Ма­ту­ри­рал во скоп­ска­та гим­на­зи­ја ка­ко пр­ве­нец на ге­не­ра­ци­ја­та, а во ме­ѓу­вре­ме кон­ку­ри­рал и го при­ми­ле на свет­ски поз­на­ти­от Уни­вер­зи­тет „Стан­форд“.

IMG_2150

Стиков на денот на дoкторирањето на Станфорд

– Ка­ко и во мно­гу дру­ги важ­ни од­лу­ки, сре­ќа­та игра­ше пре­суд­на уло­га.  Цел жи­вот чеп­кам фи­зи­ка, ма­те­ма­ти­ка, чи­там за мо­зо­кот, ама ни на крај па­мет не ми бе­ше де­ка се­то тоа мо­же да во­ди кон ка­ри­е­ра во ме­ди­цин­ски ап­ли­ка­ции – ја поч­ну­ва сво­ја­та при­каз­на Сти­ков за шко­лу­ва­ње­то во странс­тво.

– Уба­ва­та ра­бо­та на „Стан­форд“ е што по­стои го­ле­ма мо­бил­ност ме­ѓу ка­те­дри­те, па еден про­фе­сор или аси­стент во те­кот на ка­ри­е­ра­та обич­но пре­да­ва по­ве­ќе раз­лич­ни пред­ме­ти. Та­ка, иа­ко сту­ди­рав те­о­ри­ја на ин­фор­ма­ции, ста­нав аси­стент за во­ве­ден еле­ктро­тех­нич­ки пред­мет што го пре­да­ва­ше мо­јот иден мен­тор, Џон По­ли, еден од во­деч­ки­те авто­ри­те­ти во маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја. Тој е еден од се­стра­но нај­о­бра­зо­ва­ни­те лу­ѓе што ги поз­на­вам, и во не­го­ва­та ла­бо­ра­то­ри­ја ми се ос­тва­ри жел­ба­та да ги ком­би­ни­рам фи­зи­ка­та, ин­же­нерс­тво­то и ме­ди­ци­на­та, а и да ужи­вам во раз­го­во­ри за езо­те­рич­ни фил­мо­ви, кни­ги, ка­ко и за нај­до­бри­те ме­ста за кон­цер­ти во Сан Фран­ци­ско. Сè е ова еден за­о­би­ко­лен на­чин да ка­жам де­ка не ја од­брав маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја, од­брав лу­ѓе со ши­ро­ки зна­е­ња, кои мо­жат ин­те­ле­кту­ал­но да ме пре­диз­ви­ка­ат и да ми да­дат ши­ро­ка ака­дем­ска сло­бо­да, а тие лу­ѓе, слу­чај­но или не, истра­жу­ва­ат во по­ле­то на маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја – рас­ка­жу­ва Сти­ков.

Тој се оби­де по­пу­лар­но да об­јас­ни што ра­бо­ти на уни­вер­зи­те­тот во Ка­на­да.

– Мо­е­то истра­жу­ва­ње се оби­ду­ва да про­ник­не дла­бо­ко во ми­кро­стру­кту­ра­та на мо­зо­кот, да из­ме­ри стру­кту­ри што се ил­ја­да­па­ти по­ма­ли од во­о­би­ча­е­на­та ре­зо­лу­ци­ја на ске­не­рот за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја. Се фо­ку­си­рам на бе­ла­та ма­те­ри­ја во мо­зо­кот за­тоа што де­фор­ма­ци­и­те во неј­зи­на­та ми­кро­стру­кту­ра се од­го­вор­ни за мно­гу за­бо­лу­ва­ња, од мул­тип­на скле­ро­за до ши­зо­фре­ни­ја. За­се­га единс­твен на­чин да се ис­пи­та ми­кро­стру­кту­ра­та кај бол­ни­те е отка­ко ќе по­чи­нат, а нив­ни­от мо­зок ќе би­де до­ни­ран. Ако мо­и­те ме­ре­ња да­дат ре­зул­тат, ќе има­ме на­чин да ги сле­ди­ме про­ме­ни­те во бе­ла­та ма­те­ри­ја до­де­ка лу­ѓе­то се cè уште жи­ви. Тоа зна­чи по­бр­за ди­јаг­но­за, по­е­фи­ка­сен трет­ман и по­го­ле­мо раз­би­ра­ње на про­це­си­те што во­дат до бо­лест – об­јас­ну­ва д-р Сти­ков.

IMG_5925

д-р Стиков со својот тим на Универзитетот Мекгил

Ко­га про­фе­си­о­нал­но не раз­мис­лу­ва за ме­ре­ња­та на бе­ла­та ма­те­ри­ја, пре­о­ку­пи­ран е со тоа ка­ко да ги фи­нан­си­ра истра­жу­ва­ња­та и ка­де да ја про­дол­жи сво­ја­та ка­ри­е­ра.

– На­уч­ни­ци­те мо­ра по­сто­ја­но да кон­ку­ри­ра­ат за гран­то­ви од ме­ѓу­на­род­ни и од ло­кал­ни аген­ции, па штом ќе се до­кто­ри­ра вед­наш поч­ну­ва тр­ка­та за фи­нан­сии. Не се во пра­ша­ње па­ри за пла­та (таа нај­че­сто до­а­ѓа од уни­вер­зи­те­тот), ту­ку па­ри за при­стап до ске­нер, жи­вот­ни (мај­му­ни­те на кои вр­шам дел од екс­пе­ри­мен­ти­те се мно­гу ска­пи), ла­бо­ра­то­ри­ски ана­ли­зи, комп­ју­тер­ска опре­ма и по­тро­шен ма­те­ри­јал, ка­ко и учес­тво на на­уч­ни кон­фе­рен­ции на кои се пре­зен­ти­ра­ат ре­зул­та­ти­те. При­ви­ле­ги­ран сум да би­дам дел од до­бро фи­нан­си­ран ин­сти­тут, но се­ко­гаш оста­ну­ва гри­жа­та да­ли за ед­на или две го­ди­ни ќе има па­ри и во ка­ков обем ќе мoжам да истра­жу­вам на­та­му – ве­ли Сти­ков.

Дол­го­роч­ни­от план е не­го­ви­те ме­ре­ња на ми­кро­стру­кту­ра­та да ста­нат клу­чен дел од про­то­ко­ли­те за ди­јаг­но­за и за сле­де­ње на де­ге­не­ра­тив­ни­те бо­ле­сти на мо­зо­кот.

– Пр­вич­ни­те ре­зул­та­ти се охра­бру­вач­ки, а ме­то­ди­те ве­ќе се ко­ри­стат на три врв­ни уни­вер­зи­те­ти („Стан­форд“, „Ме­кгил“ и „Бил­кент“). Би са­кал след­на­та ста­ни­ца да би­де Ма­ке­до­ни­ја и да по­ста­ви­ме те­ме­ли на ма­ке­дон­ски ин­сти­тут за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, ме­сто ка­де што ќе се пра­кти­ку­ва врв­на ди­јаг­но­сти­ка и ме­ѓу­на­род­но фи­нан­си­ра­на на­у­ка – ве­ли Сти­ков за сво­и­те пла­но­ви.

Ор­га­ни­за­тор на ме­ѓу­на­род­ни­те се­ми­на­ри со свет­ски ими­ња

Сти­ков е ор­га­ни­за­тор на ме­ѓу­на­род­ни се­ми­на­ри за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја во 2008 го­ди­на и во 2011 го­ди­на во Охрид. Тој ус­пеа да обез­бе­ди ме­ѓу­на­ро­ден грант за да ги до­не­се нај­го­ле­ми­те авто­ри­те­ти во сво­ја­та об­ласт кај нас.

ismrm_Ohrid 2008ed

Со колегите од првиот меѓународен семинар за магнетна резонанција во Охрид

– На се­ко­ја кон­фе­рен­ци­ја на ко­ја учес­тву­вам имам на­ви­ка да го отво­рам збор­ни­кот на тру­до­ви и да ба­рам учес­ни­ци, чи­и­што ими­ња упа­ту­ва­ат на тоа де­ка се од бал­кан­ски­те про­сто­ри. Ра­до­ста бе­ше го­ле­ма ко­га во 2007 го­ди­на на Ме­ѓу­на­род­на­та кон­фе­рен­ци­ја за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја во Бер­лин го нај­дов име­то на Бор­јан Га­го­ски, кој то­гаш бе­ше до­кто­ранд на МИТ (MIT). Со Бор­јан поч­нав­ме да раз­мис­лу­ва­ме што би бил до­бар прв че­кор во про­мо­ци­ја на маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја и ту­ка ни се нај­доа си­те тие спи­со­ци на бал­кан­ски истра­жу­ва­чи што ги пра­вев со го­ди­ни. Па­ра­лел­но ра­бо­тев­ме на убе­ду­ва­ње на истра­жу­ва­чи­те да дој­дат во Ма­ке­до­ни­ја и ло­би­рав­ме кај ме­ѓу­на­род­но­то здру­же­ние за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја да ни до­де­ли средс­тва за да обез­бе­ди­ме ре­но­ми­ра­ни пре­да­ва­чи што ќе одр­жат се­ри­ја обра­зов­ни пре­да­ва­ња. На оваа иде­ја се на­до­вр­за проф. Ро­сок­ли­ја, кој е го­лем про­мо­тор на ма­ке­дон­ска­та на­у­ка и не­го­ви­от авто­ри­тет го по­диг­на ни­во­то на се­ми­на­рот во га­ла-на­стан со све­че­но отво­ра­ње во цр­ква­та „Св. Со­фи­ја“ и со кон­церт на Си­мон Трп­че­ски.

IMG_5834

Со Македонците Димитар и Лила кои се на обука на МекГил

Оваа ком­би­на­ци­ја на врв­на на­у­ка и на врв­на ор­га­ни­за­ци­ја ре­зул­ти­ра­ше со од­ли­чен од­ѕив ме­ѓу ко­ле­ги­те.

– Ако во 2008 го­ди­на на­ши­те мен­то­ри тре­ба­ше да ги убе­ду­ва­ат сво­и­те ко­ле­ги да дој­дат во Ма­ке­до­ни­ја, во 2011 го­ди­на ни­ту еден по­ка­нет пре­да­вач не ја од­би на­ша­та по­ну­да.  Дој­де пре­тсе­да­те­лот на Ме­ѓу­на­род­но­то здру­же­ние за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја (здру­же­ние со зна­ча­ен број но­бе­лов­ци во сво­и­те ре­до­ви), дој­доа ди­ре­кто­ри­те на ими­џинг-ин­сти­ту­ти­те на „Стан­форд“ и на „Ме­кгил“, ка­ко и два­е­се­ти­на про­фе­со­ри и мла­ди бал­кан­ски на­уч­ни­ци од „Стан­форд“, МИТ, „Ко­лум­би­ја“, „Ме­кгил“, „Хар­вард“.  Во мо­мен­тов Ма­ке­до­ни­ја е на ма­па­та на ме­ѓу­на­род­но­то МР здру­же­ние и е цен­тар за про­мо­ци­ја на маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја на Бал­ка­нот – ве­ли Сти­ков.

За не­го е охра­бру­вач­ки тоа што кај нас во ми­на­ти­те пет го­ди­ни се на­пра­ве­ни го­ле­ми че­ко­ри во обез­бе­ду­ва­ње ин­фра­стру­кту­ра и ин­сти­ту­ци­о­нал­на под­др­шка.

– Фор­ми­ра­но е Здру­же­ние за ме­ди­цин­ски ими­џинг, чиј­што пре­тсе­да­тел е ака­де­мик Ро­сок­ли­ја. Бла­го­да­ре­ние на ака­де­ми­ци­те Мо­мир По­ле­на­ко­виќ и Љуп­чо Ко­ца­рев, МАНУ и не­кол­ку фа­кул­те­ти во рам­ки на УКИМ се по­кро­ви­те­ли на актив­но­сти­те ор­га­ни­зи­ра­ни од здру­же­ни­е­то. Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство ку­пи пет но­ви ске­не­ри за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, и тоа ја пра­ви опре­ма­та во Ма­ке­до­ни­ја по­до­бра и по­број­на од таа на ко­ја јас го за­вр­шив сво­јот до­кто­рат на „Стан­форд“ – ве­ли Сти­ков.

Nikola_Stanford_diplomi

Дипломирањето, магистрирање и докторирање на Станфорд

Со­ра­бо­тка и со тур­ски­от уни­вер­зи­тет „Бил­кент“

Сти­ков со­ра­бо­ту­ва и со Уни­вер­зи­те­тот „Бил­кент“, во Ан­ка­ра, Тур­ци­ја, кој е  нај­ви­со­ко­ран­ги­ра­ни­от тур­ски уни­вер­зи­тет, а исто­вре­ме­но е и ко­сопс­тве­ник на не­кол­ку тур­ски ком­па­нии, ме­ѓу кои и нам до­бро поз­на­та­та ТАВ.

– Уни­вер­зи­те­тот што­ту­ку до­би го­лем грант за фор­ми­ра­ње истра­жу­вач­ки цен­тар за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја и во рам­ки на овој цен­тар им по­ну­ди про­фе­сор­ска по­зи­ци­ја на трој­ца до­кто­ри на на­у­ки од „Стан­форд“, вклу­чу­вај­ќи ме и ме­не. Пре­диз­ви­кот е го­лем, ка­ко и при­ви­ле­ги­ја­та по­втор­но да ра­бо­там со ко­ле­ги­те од мо­ја­та стан­форд­ска ла­бо­ра­то­ри­ја. Тоа зна­чи де­ка ако cè се од­ви­ва спо­ред пла­ни­ра­но­то, в го­ди­на ќе би­дам поб­ли­ску и по­че­сто во Ма­ке­до­ни­ја, со кон­крет­ни идеи ка­ко да се вклу­чат ма­ке­дон­ски сту­ден­ти и на­уч­ни­ци во актив­но­сти­те на овој истрaжу­вач­ки цен­тар – рас­ка­жу­ва д-р Сти­ков. До пред не­ко­ја го­ди­на бро­јот на ске­не­ри во Ма­ке­до­ни­ја бе­ше огра­ни­чен и тие беа ре­чи­си иск­лу­чи­тел­но на­ме­не­ти за кли­нич­ка пра­кти­ка. Де­нес ра­бо­ти­те се по­и­на­кви, ку­пе­на е со­вре­ме­на ме­ди­цин­ска опре­ма и тре­ба да се фо­ку­си­ра­ме на обу­ка на на­у­чен ка­дар.

– Во тоа мо­жат да по­мог­нат д-р Бор­јан Га­го­ски од МИТ за ко­го ве­ќе ви збо­ру­вав, ра­ди­о­ло­гот д-р Ива Пе­тков­ска од „Хар­вард“, ко­ја мо­мент­но спе­ци­ја­ли­зи­ра во по­ле­то на маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја на „Стан­форд“, д-р Вес­на Прч­ков­ска од тех­нич­ки­от уни­вер­зи­тет во „Ајнд­хо­вен“.  За ед­на ма­ла зем­ја со огра­ни­че­ни ре­сур­си, мис­лам де­ка е ре­ткост да има­ме тол­ку истак­на­ти ма­ке­дон­ски на­уч­ни­ци што ра­бо­тат на срод­ни проб­ле­ми од об­ла­ста на маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја. По­стиг­на­та е кри­тич­на ма­са, се­га тре­ба да се иско­ри­сти овој чо­веч­ки по­тен­ци­јал за да се про­мо­ви­ра Ма­ке­до­ни­ја во ре­ги­о­на­лен цен­тар за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја.
Мон­тре­ал е ка­ко на­ра­чан за ед­но со­вре­ме­но се­мејс­тво

Иа­ко е ро­ден во Скоп­је, жи­ве­ел и во САД, по­тоа во Бер­лин, па во Кјо­то, а се­га е во Ка­на­да со се­мејс­тво­то.

– Те­шко е да се збо­ру­ва за Ка­на­да за­што е огром­на зем­ја, а Кве­бек и Мон­тре­ал се при­каз­на за се­бе и се гор­де­ат со сво­ја­та раз­лич­ност. Мон­тре­ал ни ја за­ме­ни веч­на­та ка­ли­фор­ни­ска про­лет со че­ти­ри изра­зе­ни го­диш­ни вре­ми­ња, хо­ли­вуд­ски­от анг­ли­ски со спе­ци­фи­чен фран­цу­ски, авто­мо­би­лот со дол­ги про­ше­тки, ка­ли­фор­ни­ска­та то­ле­рант­ност со кве­беч­ка­та спон­та­ност. Кол­ку по­ве­ќе чо­век па­ту­ва и спо­ре­ду­ва, тол­ку по­ве­ќе сфа­ќа де­ка се­ка­де има уба­ви­ни, но де­ка ни­ка­де не е иде­ал­но. Сум па­ту­вал на че­ти­ри кон­ти­нен­ти, сум имал мож­ност да жи­ве­ам и во Си­ли­кон­ска­та до­ли­на и во Бер­лин, и во Кјо­то, но, се­пак, за ме­не Мон­тре­ал е ка­ко на­ра­чан за жи­вот на ед­но со­вре­ме­но се­мејс­тво. Гра­дот врие и на -20 и на +40, лу­ѓе­то на ули­ца че­сто се ка­ра­ат, а уште по­че­сто се пре­гр­ну­ва­ат и бак­ну­ва­ат, ре­сто­ра­ни­те се пре­пол­ни, хра­на­та вкус­на, а за­ба­ви­те не пре­ста­ну­ва­ат. Од Фор­му­ла 1 и Џез-фе­сти­ва­лот на ле­то до фа­моз­ни­те Иг­ло-фе­сти­ва­ли и бе­ли­те но­ќи во зи­ма, Мон­тре­ал знае ка­ко да жи­вее со пол­на па­реа – го пре­ра­ска­жу­ва жи­во­тот во Ка­на­да д-р Сти­ков.

IMG_1854

Стиков со сопругата Драгана и синот Александар на едно од бројните квебечки езера

Тој е ви­стин­ски за­вис­ник од поп-кул­ту­ра, а сѐ поч­на­ло ко­га та­тко му, поз­на­ти­от ра­ди­о­ре­пор­тер и спорт­ски ко­мен­та­тор Але­ксан­дар Сти­ков му го ку­пил цр­ве­ни­от ал­бум на „Битл­си“.

– След­ни­от ден ја до­бив пр­ва­та и единс­тве­на еди­ни­ца во днев­ник (пред­мет ОТП кај на­став­нич­ка­та Бла­ги­ца во ос­нов­но­то учи­ли­ште „Бра­ќа Ри­бар“), за­што слу­шав му­зи­ка ме­сто да учам за обра­бо­тка на др­во. От­то­гаш на­у­чив де­ка чо­век без оп­шта кул­ту­ра е не­до­дел­кан и де­ка не­ко­гаш тре­ба да се ба­та­ли на­у­ка за да се оти­де на фе­сти­ва­лот „Ко­че­ла“ во ка­ли­фор­ни­ска­та пу­сти­на, или да се пог­лед­не нај­но­ви­от филм на Квен­тин Та­ран­ти­но или на Мајкл Ха­не­ке. На „Стан­форд“ зе­мав не­кол­ку пред­ме­ти за филм и филм­ска кри­ти­ка, а би­деј­ќи кам­пу­сот е при­лич­но здо­де­вен на­ве­чер, по­ми­нав мно­гу ча­со­ви пра­веј­ќи си филм­ски ма­ра­то­ни во праз­ни ау­ди­то­ри­у­ми – ја откри­ва и сво­ја­та дру­га стра­на од лич­но­ста д-р Сти­ков.

IMG_2404

Семејна атмосфера за новогодишните празници кај Стикови . Каде и да живеат, се враќаат во Скопје, каде што тортите се најубави и највкусни

Тој е и го­лем ко­лек­ци­о­нер на ди­ско­ви, лонгп­леј­ки, стри­по­ви… – Имам по­ве­ќе од ил­ја­да ком­пакт­ни ди­ско­ви, сто­ти­ци лонгп­леј­ки и стри­по­ви, и ка­ко се­кој ко­лек­ци­о­нер се гор­де­ам со по­оп­скур­ни­те пар­чи­ња во мо­ја­та ко­лек­ци­ја, ка­ко ви­нил­но­то из­да­ние „На ре­ках ва­ви­лон­ских“ од „Ана­ста­си­ја“, ау­ди­о­ка­се­та­та „Ноќ во стер­на“ на „Бан­крот блуз бенд“, или ју­би­леј­но­то из­да­ние на аме­ри­кан­ски­от су­пер­хе­рој Кејбл, на­цр­та­но од Игор Кор­деј, а со дејс­тво во Ма­ке­до­ни­ја. Нај­до­бро по­тро­ше­ни па­ри ми се ко­га ќе ус­пе­ам да ги уло­вам на кон­церт мо­и­те оми­ле­ни гру­пи. Ужи­вав во кон­цер­ти­те на Деј­вид Бо­у­ви, Ле­о­нард Ко­ен, „Краф­тверк“, „Пи­ксис“, „Леб и сол“, а за пос­лед­ни­ве до­ле­тав спе­ци­јал­но од Сан Фран­ци­ско за нив­ни­от на­стап на са­ем – ве­ли д-р Сти­ков.

На пра­ша­ње­то кол­ку че­сто до­а­ѓа во Ма­ке­до­ни­ја, тој ве­ли де­ка спе­ци­јал­но за ова пра­ша­ње ги пре­бро­јал па­ту­ва­ња­та во род­на­та зем­ја .

– Из­ле­гоа 42 на број, а би­деј­ќи оваа број­ка има по­себ­на сим­бо­ли­ка за си­те што го чи­та­ле „Авто­сто­пер­ски­от во­дич низ га­ла­кси­ја­та“, ги­кот во ме­не мо­ра­ше да про­дол­жи со все­лен­ска­та ана­ло­ги­ја и да прес­ме­та де­ка тоа е по­го­ле­ма ки­ло­ме­тра­жа откол­ку рас­то­ја­ни­е­то од Зем­ја­та до Ме­се­чи­на­та и на­зад. На по­че­то­кот, че­сти­те до­а­ѓа­ња беа пр­вич­но по­ра­ди се­мејс­тво­то и при­ја­те­ли­те, па по­тоа се на­до­вр­за се­дум­го­диш­на­та вр­ска на ди­стан­ца со мо­ја­та се­гаш­на со­пру­га Дра­га­на, а се­га ве­ќе ни пре­ми­на во ед­на мно­гу ска­па на­ви­ка. Не мо­жам да за­мис­лам да по­ми­не го­ди­на, а да не по­ми­ри­сам ли­пи во ју­ни, скоп­ска маг­ла во зи­ма и киф­ли во „Фур­на“ во Ча­ир во два на­у­тро. За­ми­ну­ва­ња­та и раз­дел­би­те се те­шки, но не­ма ни­што по­у­ба­во од вра­ќа­ња­та. Ме­ша Се­ли­мо­виќ ве­ли де­ка во тоа е це­ла­та по­ен­та на жи­во­тот, да се коп­нее од ед­на точ­ка на зем­ја­та, да се за­ми­ну­ва и по­втор­но да се при­стиг­ну­ва. Вкуп­но 18 го­ди­ни „авто­сто­пи­рам“, но не­мам ди­ле­ми де­ка точ­ка­та за ко­ја збо­ру­ва Се­ли­мо­виќ за ме­не е Ма­ке­до­ни­ја.

Ма­ке­дон­ско кат­че во рам­ки на нај­го­ле­ма­та биб­ли­о­те­ка на „Стан­форд“

Ни­ко­ла Сти­ков е глав­ни­от „ви­нов­ник“ за по­сто­е­ње­то ма­ке­дон­ско кат­че во рам­ки на нај­го­ле­ма­та биб­ли­о­те­ка на „Стан­форд“, со ми­ли­о­ни кни­ги од це­ли­от свет.

Montreal3 copy

Со претставници на МекГил при посета на македонската владини делегација во Монтреал

– Иде­ја­та се ро­ди ко­га го ви­дов на­ши­от истак­нат драм­ски пи­са­тел Го­ран Сте­фа­нов­ски ка­ко пие ка­фе на ке­јот во Охрид. Се приб­ли­жив за да му ка­жам де­ка на „Стан­форд“ ги има­ме не­го­ви­те „Хај-Фај“ и „Дуп­ло дно“, ка­ко и  ста­ри до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви на „Вар­дар филм“ од 50-ти­те го­ди­ни, но ни­што од по­но­во­то ма­ке­дон­ско тво­реш­тво. Тој ме по­вр­за  со ма­ке­дон­ски­те из­да­ва­чи, а ку­ра­то­рот за сла­ви­сти­ка на „Стан­форд“ со за­до­волс­тво изд­вои средс­тва и ку­пи сто­ти­на ма­ке­дон­ски кни­ги. Пр­ви­те јас лич­но ги по­не­сов од Скоп­је во ку­фер, вклу­чу­вај­ќи ги со­бра­ни­те де­ла на Го­ран Сте­фа­нов­ски, Вен­ко Ан­до­нов­ски и Де­јан Ду­ков­ски. Дра­го ми е што во ме­ѓу­вре­ме се из­да­де еди­ци­ја­та 130 то­ма ма­ке­дон­ска кни­жев­ност и што на­ско­ро овие де­ла ќе се нај­дат на по­ли­ци­те на биб­ли­о­те­ки­те на „Стан­форд“ и на „Ме­кгил“ – ве­ли Сти­ков.

Д-р Ни­ко­ла Сти­ков е истра­жу­вач на Не­вро­ло­шки­от ин­сти­тут „Мон­тре­ал“ (Montreal Neurological Institute) при Уни­вер­зи­те­тот „Ме­кгил“ (McGill) во Мон­тре­ал, Ка­на­да. Дип­лом­ски­те сту­дии, ма­ги­сте­ри­у­мот и до­кто­ра­тот ги има за­вр­ше­но на Еле­ктро­тех­нич­ки­от фа­кул­тет при Уни­вер­зи­те­тот „Стан­форд“ во САД (Stanford University), под етап­но мен­торс­тво на про­фе­со­ри­те Сти­вен Бојд, То­мас Ко­вер и Џон По­ли. Истра­жу­ва­ња­та му се во об­ла­ста на кван­ти­та­тив­на­та маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја и неј­зи­на­та при­ме­на во пси­хо­ло­ги­ја­та и во не­вро­ло­ги­ја­та. За вре­ме на 12-го­диш­ни­те сту­дии на „Стан­форд“, д-р Сти­ков бил аси­стент на гру­па пред­ме­ти на фа­кул­те­ти­те за еле­ктро­тех­ни­ка и за ин­фор­ма­ти­ка, пре­да­вал Фу­ри­е­ви транс­фор­ма­ции на пост­дип­лом­ски­те сту­дии при Фа­кул­те­тот за еле­ктро­тех­ни­ка, а бил и пре­да­вач на Цен­та­рот за тех­нич­ка ино­ва­ци­ја во Кјо­то, Ја­по­ни­ја (Stanford center for Technical innovation). За сво­и­те по­стиг­ну­ва­ња е до­бит­ник на на­гра­да­та 13 Но­ем­ври во 1993 го­ди­на, сти­пен­ди­ја­та „Ел­си Б. Ба­лан­тајн“ (Elsie B. Ballantyne) за дип­лом­ски сту­дии на Уни­вер­зи­те­тот „Стан­форд“ во 1997 го­ди­на, на на­гра­да­та за иск­лу­чи­те­лен при­до­нес на Еле­ктро­тех­нич­ки­от фа­кул­тет во 2003 го­ди­на (Outstanding service Award), ка­ко и на ју­би­леј­но­то приз­на­ние на „Стан­форд“ за аси­стен­ти во 2007 го­ди­на (Stanford centennial teaching assistant Award).

Пи­шу­ва: Але­ксан­дра Маз­не­ва Бун­да­лев­ска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top