Данскиот инженер, Питер Мадсен е осуден на доживотна казна затвор, без можност за условно отслужување на казната за убиството на шведската новинарка, Ким Вол, во неговата подморница.
Обвинителството наведе дека Мадсен планирал да ја убие новинарката со давење или да и го пресече грлото.
Деловите од телото на убиената Швеѓанка беа пронајдени на брегот на 21-ви август минатата година, 11 дена откако замина на подгорницата, каде требаше да го интервјуира Мадсен.
Новинарката се качила на подморницата на Мадсен, UC3 Nautilus, вечерта на 10 август и оттогаш никој немаше информации за нејзината состојба, сѐ додека нејзиниот дечко не испаничил бидејќи таа не се вратила од патувањето, па решил да повика полиција.
Питер Мадсен беше спасен од крајбрежната полиција уште вечерта, откако неговата подморница потонала во морето. Според обвинителството, Мадсен самиот ја потопил подморницата за да го прикрие злосторството.
Расеченото торзо на Вол беше пронајдено на 21 август минатата година, додека нејзината глава, нозете и облеката беа пронајдени во торби во кои беа ставени тегови за да потонат на дното на морето на 6 октомври.
Откако беше уапсен, Мадсен неколкупати ја менуваше изјавата околу тоа што се случило на подморницата на 10 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка