Ужасно е слепилото кај нашите интелектуални и политички елити, кои како хипнотизирани, и покрај сите факти и реалноста, која се наметнува без оглед на желбите, а која непобитно ги покажува вистинските состојби на теренот, и понатака да кокодакаат во хор за потребата на нашата татковина по секоја цена да се интегрира во НАТО и ЕУ.
Како што секој здраворазумски настроен интелект, без оглед на академската титула или, пак, животното искуство, гледа дека овие две организации се убиствено настроени кон македонскиот суверенитет и посебно кон идентитетот на македонскиот народ, сепак, мноштвото гласноговорници се силно мезмерирани и во согласност со оваа нивна нималку здрава ментална состојба и, покрај сè, и покрај исте субверзии на овие две „канта-тропа“ глобални и тирански политичко-воени креации, и понатака заговараат асоцијација со нив, па макар тоа било и по најдраконската цена за жителите на нашата држава.
Што, всушност, се случува во умовите на овие жални и лигави креатури, што никако не можат да го видат она, за што знааат и врапците на гранките во Градскиот парк?
Секако, дека дел од нив, оној, таканаречениот елитен сегмент од оваа аморална дружина на апологети од најмизерната провиниенција, се неизлечиво корумпирани. Другиот, пак, дел, оној поголемиот и лакејски настроениот, се уплашени до дефекација во нивните кукавички здолништа, а она што останува од оваа глутница чанколисци ги поддржува овие две бессловесни и манипулативни организации во распад, од чисто инфериорни и компензациски причини.
Значи, да се биде дел од ЕУ и НАТО ви гарантира пристоен и достоинствен, мирен и просперитетен живот, мислат тие, но тоа никако не е така и не може да биде така, зошто овие констатации и, пред сè, нереални желби, не се никако во согласност со вистината, против која не можат нити филозофите, а ниту, пак, боговите.
Всушност, сите овие хорови од безумни, а супер амбициозни опортунисти, се потполно загубени во сите современи политички и геостратегиски процеси, но за својата изгубеност немаат поим или, можеби, не сакаат да имаат било каква свесност, зошто токму во тој момент, кога ќе излезат од фаталното хипнотичко влијание на авторитетите од НАТО и ЕУ, тие ќе паднат во невиден внатрешен мисловен и емотивен конфликт, кој потполно ќе ги уништи нивните позиции на влијание врз општествените структури и тие ќе се најдат во гротескна и крајно мизерна ситуација на тотално изнегирани и неспособни идиоти, за кои никој нема да дава ни зајачка брбушка.
Ете, тоа е стратегиската причина за нивното сè подлабоко тонење во мочуриштето на игноранцијата. Но, и кај нивните капоа постои еден, иако неискрен, но крајно папагалски порив кон повторувањето на одамна деконструираната илузија за непобедливоста и совршеноста на, по мене овие два дотраени гнасни контејнери на современата историја на западната цивилизација – НАТО и ЕУ, кои порано или подоцна ќе се најдат на депонијата, искреирана од сите можни хумани и правични процеси во светот кои, едноставно, се неминовност.
Сепак, онаа синтеза на корумпираноста и стравот, е главниот агенс на лигавите и недостоинствени политички водачи во нашето општество, што со својата идиотска реторика за кретени, сè уште успешно ја залажуваат македонската јавност.
Посебно ова важи за опозиционите политички првенци, во кои секој македонски легалист и праведник гледа концентрација на најужасните и најдолните, секако, и најаморалните карактеристики што можат да се најдат во оние пропаднати човечки битија, за кои повеќе ни треба сожалување, отколку осуда. Но, нивната скоро демонска дрскост ни го попречува и ова хумано право да им помогнеме, макар и сосема малку, преку нашата, богом дадена емпатија. Тука, всушност, грижата за другиот, кој паднал под влијанието на една грозна и пеколна сила, е доведено до минимум поради бестијалната агресивност на овие ѕверски настроени протагонисти, на овие квислинзи и наемници на двете суетни организиции во неповратен распад – НАТО и ЕУ.
Веројатно, затоа се така настојчиви, соочувањето со вистината ќе ги извади сите нивни грозни гревови и недела на површината, а со тој мачен призор пред сопствениот светоглед, животот се претвора во пеколен хаос.
Ете, затоа така грчевито се борат за своите фатаморгани, ЕУ и НАТО, зошто без нив и тие стануваат потрошена тоалетна хартија на големата и нечовечка игра на хегемоните, кои во последниве неколку децении на светската геополитичка сцена оставија огромен неред од својата гигантска дијареа на самољубието, нечовечноста и тоталното отсуство за праведност.
Сега, по сите настани, кои како на филмска лента се редат пред светската и локалната јавност, кога станува кристално јасно дека хегемонијата на НАТО и ЕУ е при крај, и дека од овие две организации не остана ниту трошка морал, а, ниту, пак, зрнце разум и почитување кон човештвото, овие наши оскубани папагали, што ништо не сфатиле во нивните предавнички и потполно промашени животни агенди, треба снисходливо и покајнички да се повлечат во нивните дупки и, конечно, да не ја трујат атмосферата со своите лажни експертизи и надуени, а сосема празни авторитети. Време е да исчезнат.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.