Вчера беше одигран хокејски натпревар во рамките од КХЛ-лигата во кој се сретнаа екипите на Југра и Слован од Братислава. Мечот го одбележа тешката повреда на играчот на Јигра Виталиј Ситников, кој малку фалеше и да го изгуби животот.
На почетокот од третиот период дојде до дуел меѓу Ситников и играчот на Слован Ладислав Наѓ, а овој вториов изгуби рамнотежа и со долниот дел од лизгалката го зафати Ситников директно во вратот.
Во тој момент повредениот Ситников исфрли дел од опремата од себе и се упати кон клупата за резервни хокејари. Веднаш му е пружена прва помош, а подоцна со Брза помош е префрлен во болница каде е извршена итна операција.
Тренерот на Југра, Павел Јерезовски, изјави дека неговиот играч имал голема среќа бидејќи раната е на само еден сантиметар од главната артерија, која ако била пресечена епилогот ќе бил трагичен.
– Среќа е што лизалката не ја пресече главната артерија. Извршена е итна операција и Виталиј е во добра состојба – изјави Јерезовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.