| четврток, 6 декември 2018 |

Седењето е најголем непријател на вратот: Еве што треба да направите (видео)

Кај повозрасните луѓе вратот може толку многу да се искриви и да предивика болки, што одржувањето на главата во исправена положба – предизвикува потешкотии. Затоа, неопходно е секојдневно да се прават овие вежби.

Речиси и да нема човек на светот на кој вратот му стои онака како што би требало природно, а тоа е последица од долгото седење, гледање во компјутер, телефон, а и последица на самото стареење. Затоа на некоја возраст е неопходно да се започне со некои вежби кои ќе го вратат вашиот врат во природна положба.

Д-р Пол Мур, кој е киропрактичар во своите видео клипови ги објаснува причините и последиците од кривењето на вратот, а што е најважно дава и практични совети за она што треба да се направи.

Овде ви ја претставуваме најважната вежба за враќање на вратот, односно негово одржување во природна положба.

Се’ што треба да направите е едно единствено движење, но обратете внимание на сите детали. Застанете исправено, но опуштено, во положба која вам ви е природна. Потоа направете го следното движење – подигнете ја главата нагоре, брадата повлечете ја кон себе, кон градите и целиот врат и главата лесно придвижете ги кон назад, така што ушите да бидат на рамниште со рамената, како што д-р Мур покажува на снимката.

извор: skopje24.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top