Грејната сезона одамна е почната, а сметките со повеќе нули од обично само стигаат.
Погледнете го овој едноставен трик со кој во станот ќе ви биде уште потопло и топлината нема да ви излегува низ ѕидовите.
Залепете на ѕидот зад радијаторот, печката или шпоретот било каков рефлектирачки материјал – на пример, алуминиумска фолија или фолија за заштита на стаклата на автомобилите од сонце Радијаторот, шпоретот или греалките на тој начин нема да го греат ѕидот, топлината нема да оди низ ѕидовите, туку ќе се рефлектира во просторијата.
Ако пак не сакате да лепите фолија на ѕид, можете да ја ставите на праче картон, но така да фолијата биде свртена кон надвор. Картонот не морате да го лепите на ѕидот, туку само потпрете го на ѕидот зад радијаторот, шпоретот, греалката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.