| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот на Селин Дион има само една последна желба

На сопругот на светски познатата пејачка Селин Дион, лекарите му предвидуваат дека ќе живее само уште неколку месеци. Последната желба на Рене Анжелиј, кој боледува од рак на грлото, е да почине во раците на својата сопруга.

Блиски пријатели на семејството за медиумите раскажаа дека ова е последниот Божик што Селин ќе го прослави со својот сопруг и дека таа „секојдневно го моли Господ да ѝ подари уште малку време со мажот што го сака“.

Селин со него го минува секое слободно време, а на настапите се труди да ја скрие болката од публиката, но тоа тешко ѝ успева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top