Џејми Варди е откровението на Премиер лигата во Англија и воопшто во светскиот фудбал. Напаѓачот на Лестер, лидерот на табелата, во вчерашниот дерби дуел за првото место против Манчестер јунајтед успеа да постигне гол за реми од 1-1 и со тоа го урне рекордот на Руд Ван Нистелруј.
Тој по 11.последователен пат беше стрелец, но по мечот изјави дека воопшто не лета во облаци и само размислува за следниот натпревар против Свонси.
– Знаев дека ќе водам голема битка со Крис Смолинг, но знаев и дека еднаш ќе успеам да го надмудрам. За жал, по водството, дозволивме на многу лесен начин, од корнер, да примиме гол во последните моменти од првиот дел. Ќе беше поинаку доколку го задржевме водството и почневме со предност во второто полувреме. За мене немојте да се грижите. Нема да летнам во облаци. Знам дека направив голема работа, но јас само сакам да играм фудбал и да давам голови. Најсреќен сум кога ќе победиме. Сега размислувам само за следниот меч против Свонси и се надевам дека ќе им се вратиме на победите“, изјави Варди по 11.последователен гол во Премиер – лигата, што е нов рекорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед