| четврток, 6 декември 2018 |

Заев со сериозна закана: „Престанете или ќе се демантирам!“

Зоран Заев се закани дека ќе се демантира комплетно со што ќе ја доведе во прашање релевантноста на сите прилози за него досега објавени на нашите телевизии.

zaev-

Заев одамна е познат како човек кој умее комплетно да ги промени ставовите во рок од 24 часа, меѓутоа кулминацијата дојде после објавеното видео од една конференција во Словенија на која Заев изјави дека во Диво Насеље во Куманово имало исти терористи како во Париз и како терористите кои го урнале рускиот авион.

Претходно Заев инсистираше на тезата дека терористите се организирани од актуелната власт за да го одвлечат вниманието од неговите т.н. „бомби“.

Оваа драстична промена на ставовите на Заев кажана во Словенија не пројде незабележано и кај домашната јавност, а особено ригорозни кон него беа про-опозиционите медиуми кои се почувствуваа изиграно, бидејќи претходно направија илјадници прилози врз тезите на Заев дека власта го организирала конфликтот во Куманово.

Со свој лут и остар коментар по најновиот тек на настаните се јави и самиот Заев кој порача:

– Кажете им на сите дека јас, апсениот Заев живи деманти има да јадам! Ќе излезам на 24 вести во интервју и ќе се демантирам комплетно, ќе демантирам се што сум рекол сега и во минатото, комплетно ќе се демантирам и ќе им ја уништам релевантноста на сите прилози кои телевизиите ги направиле. Па да ги видам потоа како ќе живеат телевизиите без прилозите со мои изјави кои ќе им ги демантирам, изјави Заев.

Вечерва целата новинарска фела се собра на плоштадот Македонија каде со свеќи во рака ќе одржи молитвен собир на кој ќе се молат Заев да не се демантира повторно.

На собирот нема да присуствува само Роберт Поповски, кој неофицијално во комисиите со кои се регулира работата со медиумите предложил да се отвори национален ТВ канал „Заевизија“ на кој по цел ден ќе се даваат официјални ставови на Заев и деманти на истите ставови од самиот Заев, со што гледачите во секој момент ќе може да ги следат најновите деманти во живо и ќе го знаат во секој момент ставот на Зоран Заев.

 

Кромиди Запад
***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top