| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Драматичната 1991 година“ од Стојан Андов

Во салата на Кинотеката на Македонија,на 30 ноември (понеделник) 2015 година во 20 часот ќе биде промовирана книгата „Драматичната 1991 година“, студии и сеќавања на Стојан Андов, прв претседаетел на Собранието на независна Република Македонија. Со овој чин ќе биде одбележана и 80-годишнината од раѓањето на познатиот политичар, публицист и писател. За новото дело и за богатиот творечки опус на авторот ќе говорат: Раде Силјан, Јордан Плевнеш и Блаже Миневски.

Извадоци од книгата ќе читаат артистите Мето Јовановски и Роберт Вељановски.

Стојан Андов (1935, Кавадарци) е автор на книгите: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Од мој агол“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Приказната на Марија“ и „Јосип Броз – Тито и распаѓањето на Југославија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top