Скопје, Загреб, па затвор за Санди Шола, претседателот на хрватскиот ракометен сојуз, е најавата на хрватските медиуми, за расплетот во „аферата Карловачка банка“. Шола е во Скопје, а утре изутрина треба да се врати во Загреб, каде веројатно ќе биде уапсен. Тој е поранешен претседател на Управниот одбор на Карловачка банка, а таму е откриена проневера тешка неколку милиони евра. Веќе се упасени три члена од семејството Шола, а Санди е кај нас во Македонија, ангажиран во СЕХА-лигата во ракомет, која ја очекува фајналфор турнирот што треба да го организираме ние во Скопје.
-Не знам ништо за аферата. Јас сум во Македонија и не сум информиран што се случува – изјавил Шола за хрватското радио „Мрежница“.
Тој е актуелен претседател на хрватскиот ракометен сојуз, а беше специјален гостин на претходното раководство на македонската федерација предводена од првиот човек Михајло Михајловски и од генералниот секретар Марјан Начевски, при изборното Собрание, одржано неодамна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.