Вчера наутро околу 10.00 часот на ул. „Наум Чакаров“ во скопската општина Ѓорче Петров, во својот стан бил пронајден починат Илија Ц.(59). Го пронашла неговата сосетка М.Т.(46), која имала клуч од станот.
Смртта била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.