Вечерва (четврток) со почеток во 20:00 часот во просторот на АРТЕ Галерија ќе биде отворена самостојна изложба на реномираниот ликовен уметник Стефан Хаџи-Николов, насловена „Импресии“.
Стефан Хаџи-Николов е роден 1955 година во Скопје. Член на ДЛУМ од 1984 година, добитник на повеќе награди, а има учество и на повеќе од 100 групни изложби во земјата и странство.
Во оваа изложбена поставка ќе бидат претставени околу 20-на уметнички дела на авторот Стефан Хаџи-Николов сите изработени во техниката масло на платно, изработени изминатиов период. Комбинациите на боите се смели и модерни, максимално јасни и звучни, така што неговиот ликовен стил можеме да го дефинираме како еден вид на модерен класицизам во кој убаво се проткајуваат и надополнуваат чистото, естетско и сензуалното.
Стефан Хаџи-Николов е годинашен добитник на државната награда “23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.