На 27 ноември (петок) во 20 часот во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложба на Урош Вељковиќ насловена “Фејсбутик”
Феноменот на социјалната мрежа Фејсбук допрва ќе биде предмет на многу сериозни анализи и тоа на повеќе научни дисциплини. Промените коишто оваа платформа, којашто сè повеќе се претвора во медиум, ги донесе не само во комуникациските односи, туку, пред сè, во катадневието на многумина, воведоа можности на присуство и учество на голем број субјекти во еден дел од јавниот простор.
Токму оваа ситуација е носечка тема во проектот Фејсбутик на Урош Вељковиќ. Критиката која Вељковиќ ја упатува кон лесното прифаќање, а со тоа и на поддршката на новата, дискретно наметната, можност корисникот да си го објави или создаде сопствениот идентитет и, при тоа, да го менува според сопственото расположение, состојба, намера, желба, е критика којашто темелно задира во тековната сегашност, во тековното време. Во основа, тој ја преповторува суштината на самата платформа: забавноста/забавата и безодговорноста се иронизираат со атмосферата на „бутик“: бутик [boutique] на можни лица [faceѕ], можност за избор на лице кое одговара и кое ќе прикаже нешто друго, нешто ново, нешто различно или најточно – нешто постојано друго, нешто постојано ново, нешто постојано (привидно) различно. Како игра на зборови, во кованицата „Фејсбутик“ се содржи „~бутикот“ (во етимолошката античка смисла на „апотеке“ [apothēkē; аптека] и со на значење на стовариште, магацин) се лоцира местото во кое се складираат, изложуваат и нудат идентитетите како слободен избор, даденост, можност на корисникот, на „слободниот“ пазар на размена, додека „Фејс~“ е платформата на која се изложуваат (објавуваат) така („слободно“) избраните идентитети.
Низ досетките, атмосферата и често користените трговски рекламни слогани (на пример: „3 фаци по цена на 1“); женски гласови (како најчести вработени во бутиците [дали сте сретнале машки продавач во бутиците?]); отпечатени (значи: префабрикувани, готови, семплови за) профилни слики; закачалки за облеки (на кои се изложени профилните слики како роба, стока за широка потрошувачка) на кои купувачот/корисникот („слободно“) пребарува и избира; па сè до самиот каталог за изложбата кој се престорува во каталог/ценовник (во духот на рекламните модни каталози или додатоци вметнати во дневниот печат, уфрлени во поштенските сандачиња или делени на улица, по бистроа или кафулиња и сл.), Вељковиќ отвора една цела серија на прашања, на сериозни прашања, за менливоста и минливоста на идентитетноста, не само на платформата Фејсбук, туку и во тековната ризоматска сегашност на општественоста која веќе одамна го има напуштено системот на стабилните структури и која сè повеќе убедува во нужноста од постојаното движење и менување, неисклучувајќи ја тука и афирмативноста/афирмирањето на (заради менливоста и минливоста) нестабилните идентитети.
Оттука, Вељковиќ упатува порака дека само времето на нестабилни идентитети може да создаде платформа за нестабилни идентитети. И при тоа, тој, преку иронијата и пародијата, со децидната и недвосмислена критика на таквото време, не само што ни остава нам да решиме дали да ја прифатиме или отфрлиме таквата состојба и манипулација, туку настојува подлабоко и покритички да го обмислиме тоа и такво време и – да го отфрлиме. Отфрлајќи го, пред нас се отвора можност за создавање на некое друго и поинакво време, време во кое нашите идентитети ќе бидат израз и исказ на нашиот сопствен, внатрешен и вистински, а не посредуван и, со тоа, лажен – Ид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.