| четврток, 6 декември 2018 |

Грција од Германија доби список со штедачи во швајцарски банки

стеди

Грчкото Министерство за финансии соопшти дека гермaнските власти доставиле детални информации за Грци со банкарски сметки во Швајцарија со цел да се употребат за истрага за евентуално затајување данок. Информацијата до Атина ја доставиле властите на Северна Рајна ­Вестфалија преку Федералната централна даночна управа во Германија.

Извештајот содржи детали за 10.588 штедачи со депозити во вкупна вредност од 3,9 милијарди швајцарски франци (3,6 милијарди евра) во 2006 година и 2,67 милијарди евра во 2008 година.

Документот веднаш ќе биде доставен до грчки обвинители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top