Увид во Избирачкиот список за локалните избори во подрачните единици на Државната изборна комисија (ДИК) и во нивните канцеларии ширум земјата до вчера (24 август) извршиле 4.579 граѓани. Граѓаните вршат увид во Избирачкиот список и преку веб страната на ДИК. Увидот, според Роковниот на ДИК, ќе трае до 9 септември на полноќ.
Портпаролката на ДИК Аријета Џемаили информира дека денеска треба да заврши изборот на членовите на избирачките одбори од вработените во администрацијата за 80 општини што Општинските изборни комисии (ОИК) го вршат преку софтверот на ДИК. Политичките партии со освоени најмногу гласови на минатите избори, како што соопшти, своите предлози за членови на избирачките одбори до ОИК треба да ги достават до вторник 29 август, поради викендот и празникот во понеделник.
Во подрачните единици и канцеларии на ДИК во тек е собирање потписи за независните листи за советници и за градоначалници. Според Џемаили потписи за градоначалници се собираат во Битола, Вевчани, Гази Баба, Дебарца, Карпош, Куманово, Радовиш, Старо Нагоричани и за двајца кандидати за градоначалник во Охрид.
За членови на совет потписи се собираат во Битола, Дебарца, Долнени, Кавадарци, Кривогаштани, за осум листи во Македонски Брод, и за по две советнички листи во Охрид и во Радовиш.
Рокот за собирање потписи за независните листи пред ДИК трае 15 дена и завршува на 4 септември.
Локалните избори 2017 се закажани за 15 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Објавен редоследот на партиите на гласачките ливчиња
-
Подготвувате свадба? Од овие луѓе исчистете го свадбениот список…
-
Селекторот Темелковски ги избра ракометарите кои ќе патуваат на СП во Алжир