Соборувањето на рускиот воен авион од страна на Турција, го комплицира процесот на наоѓање на политичко решение во Сирија и треба да се направи нешто за да се избегне понатамошна ескалација на тензиите.
Тоа го рече германската канцеларка Ангела Меркел, јави „Ројтерс“.
– Се разбира, секоја земја има право да си ја брани својата територија, но од друга страна знаеме колку е напната ситуацијата во Сирија и околу неа, истакна Меркел. Германската канцеларка додаде дека вчера разговарала со турскиот премиер Ахмет Давутоглу и го повика да стори се за деескалација на тензиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



