| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на заложничката драма

zaloz fraЗаложничката драма во Франција заврши со ослободување на сите тројца заложници. Случајот немаше никаква врска со терористичките напади во Париз.

Како што соопшти тамошниот јавен обвинител во инцидентот во градот Рубе, на самата граница со Белгија, еден напаѓач е убиен, еден е уапсен, а по останатите се трага. Наводно, првичниот план на напаѓачите бил да киднапираат директорот на локалниот огранок на една банка и да го принудат да им го отвори сефот. Но тој побегнал, па напаѓачите влегле во неговиот дом и ги држеа како залоѓници неговата сопруга, ќерка и 11 месечно бебе.

Обвинителот притоа потенцира дека се работи за исклучиво криминална операција што не е поврзана со тероризам. Во Франција и натаму на сила е вонредната состојба по терористичките напади од 13 ноември, во кои беа убиени 130 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top