Приватен и автобус на ЈСП се судрија утрово околу 8 часот спроти „Три бисери“ на буливерот „Јане Сандански“ во Аеродром, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Според неофицијални извори во сообраќајка повредени се 10-тина лица, кои со возила на итната медицинска помош се пренесени на некои од клиниките.
Се работи за автобус со број 3 на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје и приватен автобус со број 23, кои се движеле од Центар кон Аеродром.
Увидот е во тек, по што ќе се знаат повеќе детали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Несреќа во Германија, најмалку 11 луѓе се повредени при судир на воз и камион
-
Ало, вашата ќерка е мртва: Потресни исповеди на семејствата на настраданите во верижниот судир!
-
Шестчлено семејство од Шведска доживеа сообраќајка на патот Охрид – Кичево
-
Шлепер го смачкал автомобилот: Загинала девојка, пожарникарите со часови го сечеле возилото за да дојдат до телото