| четврток, 6 декември 2018 |

Три статуетки за Елена, по две за Даниел и за Тамара – добитници на „МАРС 2016“

Вечерва во Македонската опера и балет по 8. пат се одржа фестивалот „МАРС“(Македонска радиоселекција), каде беа избрани овогодинешните радиски хитови од македонската музичка сцена. Четириесет радиостаници ширум земјата, како и публиката преку гласање на „Фејсбук“, ги избраа овогодинешните победници.

Листа на добитници:

Ѕвезда што се раѓа – Теа

Најдобра преработка на песна за „Ја излези Ѓурѓо“ – „Некст тајм“

Aр-Eн-Би, рап или латино хит – Тајзи и „Амор“

Радиски поп хит – Влатко Лозаноски-Лозано за „Како тебе нема друга“

Рок хит – „Мојот дом“ на Калиопи

Радиски хит од група – „Ај кју“ и „Колку пати“

Maшки вокал – Александар Тарабунов

Женски вокал, радиска балада и текст на годината за „Доживотно“ на Елена Ристеска

Регионален хит и радиски хит избран од публиката – „10 лета“ на Даниел Кајмакоски

Апсолуте радиски хит и партнерство – Тамара Тодевска и „ДНК“ за „Фрази љубовни“

Трајни вредности – Мики Јовановски-Џафер

 

Добитникот на наградата апсолутен хит добива награда од 60.000 денари, наградениот од публиката 30.000 денари, а наградениот автор на текст 10.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top