Вечерва, (понеделник), во 20 часот ,во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица ќе се отвори изложба со наслов „Лукинг ет натхинг (Десајр ин д фјучр)“ .
Меѓународната групна изложба „Лукинг ет натхинг (Десајр ин д фјучр)“ е поставка реализирана со цел во еден простор да се презентираат видео остварувања на автори од нашиот регион кои интензивно и фокусирано се бават со аудиовизуелното, со моќта на визуелните култури и медиуми и нивните влијанија, односно со „видеото како можност за преиспитување и критика на своето битие“ – Розалинд Краус.
Самата изложба се состои од дела на уметници кои по својот визуелен, естетски, поетски и ликовен јазик и културен сензибилитет имаат блиски или слични „склоности“ во однос на „видеосликата“, односно во бележењето на одредени состојби и перцепции од самата физичка/креативна стварност и нивно претворање во визуелни „немости“ и кадрирани „тишини“ на самите нешта…
Изложбата „Лукинг ет натхинг (Десајр ин д фјучр)“ ја сочинуваат дела од авторите Ана Адамовиќ (Србија), Taња Деман (Хрватска), Мирна Арсовска (Македонија), Давор Санвинценти (Хрватска), Горан Шкофиќ (Хрватска), Тихомир Топузовски (Македонија), Владимир Николиќ (Србија), Марко Марковиќ (Хрватска) и Александар Спасоски (Македонија).
Куратор на изложбата е историчарот на уметност Дејан Буѓевац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.