| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Балканска психологија – државници и марионети“ од Стефан Влахов Мицов

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ на 24 ноемрви 2015 година ќе биде промовирана книгата „Балканска психологија – државници и марионети“ од проф.д-р Стефан Влахов Мицов,издание на „Матица македонска“ од Скопје. За најновото дело на познатиот научник, публицист, историчар и книжевен критичар ќе говорат писателот Ефтим Клетников и Драгица Поповска.

Стефан Влахов Мицов е автор на дваесет книги од областа на филозофијата, историјата, книжевната критика и од есеистиката. На македонски јазик ги објавил делата: Филозофскиот клуч за македонскиот идентитет, Вируси за поматени мозоци, Хероите и потомците, Македонската еманципација на Балканот, Филозофија на балканскиот пекол и Држава – како се гради и брани.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top