| четврток, 6 декември 2018 |

Даштевски: Поради активностите на терен рејтинот на Груевски расте на Заев опаѓа

gruevski-zaev1
Голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и пред се стабилизација на земјата најавува последната анкета ИРИ, велат познавачите. Високиот рејтинг на премиерот Груевски и неговата партија се должи на присуството меѓу граѓаните и експресното решавање на нивните проблеми.

Професорот Александар Даштевски анализира дека гласачите го гледаат својот интерес и го бираат оној кој се грижи за нивните потреби, а не оној кој се служи со интриги. Токму затоа вели тој и рејтингот на Заев се намалува, а довербата во Груевски и во ВМРО-ДПМНЕ е далеку поголема од онаа во СДСМ и нејзиниот лидер.

-Рејтингот на лидерот на власта, Никола Груевски расте, а на лидерот на опозицијата опаѓа. Тоа,пред се,мислам дека се должи на активностите на терен, бидејќи гласачите го гледаат својот интерес, а не некои интриги кои доаѓаат од опозицијата. Евидентно е дека тој говор на омраза што постојано го прави опозицијата, а особено преку социјални мрежи со лажни, па дури и вистинити профили, и носи негативен рејтинг на опозицијата – вели Даштевски за „Алфа“.

Во наредниот период како и вообичаено за предизборие се почесто ќе се мери јавното мислење. Даштевски верува дека премиерот Груевски и неговата партија ќе уживаат се поголема доверба, што според него дополнително ќе ја поттикне подготовката на партиската програма која почна да се реализира со помош на граѓаните кој секојдневно ги претставуваат своите идеи.

Според најновата анкета на ИРИ, ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ, а Груевски ужива повеќе од три пати поголема доверба во однос на опозицискиот лидер Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top