| четврток, 6 декември 2018 |

Втор ден вонредни мерки во Брисел, градот речиси празен

Belgium-France-Attack_Horo-635x357

Во Брисел денеска втор ден на сила се највисоките мерки за безбедност воведени по терористичките напади во Париз пред девет дена.Улиците во белгискиот главен град се воглавно празни, а полициската потрага по осомничениот напаѓач од Париз, Салах Абделслам продолжува, јави Танјуг.

Белгискиот национален Кризен центар од вчера ги зголеми мерките за обезбедување во Брисел на ниво четири, што означува – сериозна и непосредна опасност од терористички напади.

Официјални лица препорачаа откажување на сите спортски натпревари и активности на јавни места како и затворање на трговските центри. Во план е попладне да се одржи состанок на белгискиот Регионален совет за безбедност на кој ќе се одлучува за можни следни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top