| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со јајца – гарантира осум килограми за 10 дена

Диетата со јајца станува се поактуелна, благодарение на познатите ѕвезди кои успешно ги намалиле вишокот килограми токму со оваа диета.

Дозволени ви се 6 дневно, (но само белки) како и парче од 150 гр  риба или пилешко бело месо, како дополнување. Исто така свежи салати, например од краставици, домати, марула, за кои се препорачува да содржат магдонос и рукола. Исто така не заборавајте да вклучите во своето мени секој втор ден спанаќ. За 10 дена ќе намалите 8-10 килограми.

Утрото го започнувате со две белки од  јајца и салата од домати. Ручекот е повторно 2 белки од јајца и парче бело месо или риба, варено или на скара и свежа салата од краставици или марула. За вечера две белки од јајца, спанаќ на пареа или пак друг зеленчук на пареа. Во текот на денот погрижете се да внесувате многу течности, особено зелен чај.

Како што гледате во монодиетата што се базира на јајца јаглехидратите и мастите се сосема исклучени и се се сведува на протеини и растителни влакна. Токму затоа вашето успешно слабеење е гарантирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top