| четврток, 6 декември 2018 |

Возачот мора да е облечен во памучна облека – посебните барања на Дарен Емерсон за настапот во Скопје

Поранешниот водач на легендарната група „Андерворлд“ и суперстар диџеј Дарен Емерсон води исклучително здрав живот. Токму поради тоа, за неговиот саботен настап, тој ја испрати неговата листа на барања.

Како што информираат од „Сан продакшн“, диџејот поради здравиот начин на живот, ги изненадил организаторите со „интересни“ барања за време на неговиот престој во Скопје.

Имено, Дарен во последниве неколку години решил да води исклучително здрав живот, па поради тоа на организаторите строго им било нагласено дека за време на престојот во секое време во негова близина треба да има памучни пешкири, дури и возачот кој ќе го вози додека е во Скопје мора да биде облечен во облека која содржи стопроцентен памук.

Кога е во прашање храната, задолжително мора да се состои од овошје, зеленчук, свежо млеко итн.

Посебно е нагласено дека во секое време треба да има морков, цвекло, корен од ѓумбир, а, исто така, и тегла планински мед.

„Сан продакшн“ ги исполни неговите барања, останува уште да се погрижите за снабдување со влезница за оваа ултрадобра забава и да бидете сведоци на неговите вешти раце.

Влезници во претпродажба по промотивна цена од 200 денари почнувајќи од среда, 3 април, додека пак од 11 до 13 април 250 денари, во „Југотон“, „Офис плус“ (Рамстор, Сити мол, ГТЦ, Палома бјанка) и во салоните на „ОНЕ“ низ земјава!

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top