| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба „Лукинг ат нотинг“ во „Мала станица“

Во Националната галерија на Македонија, објект „Мала станица“ на 23 ноември (понеделник) во 20 часот ќе се отвори изложба со наслов „Лукинг ат нотинг (Дисајр ин д фјучр).

Меѓународната групна изложба е поставка реализирана со цел во еден простор да се презентираат видеоостварувања на автори од нашиот регион, кои интензивно и фокусирано се занимаваат со аудиовизуелното, со моќта на визуелните култури и медиуми и нивните влијанија, односно со „видеото како можност за преиспитување и критика на своето битие“ – Розалинд Краус (Rosalind Krauss).

Самата изложба се состои од дела на уметници кои по својот визуелен, естетски, поетски и ликовен јазик и културен сензибилитет имаат блиски или слични „склоности“ во однос на „видео сликата“, односно во бележењето на одредени состојби и перцепции од самата физичка/креативна стварност и нивно претворање во визуелни „немости“ и кадрирани „тишини“ на самите нешта…

Изложбата ја сочинуваат дела од авторите Ана Адамовиќ (Србија), Taња Деман (Хрватска), Мирна Арсовска (Македонија), Давор Санвинценти (Хрватска), Горан Шкофиќ (Хрватска), Тихомир Топузовски (Македонија), Владимир Николиќ (Србија), Марко Марковиќ (Хрватска) и Александар Спасоски (Македонија).

Куратор на изложбата е историчарот на уметност Дејан Буѓевац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top