Заменик премиер од Косово, Хашим Тачи, денеска изјави дека власта во Приштина никогаш нема да се откаже и дека не постои цена поради која граѓаните и државните институции ќе и дозволат на групата „насилни опозиционари да ја уништат државата“.
Опозицијата за 28 ноември закажа антивладин протест и протест против бриселскиот договор за формирање Заедница на српски општини и демаркација со Црна Гора, а Тачи вели дека тие тоа го сториле за да „купат време за пронаоѓање на уште насилни лица бидејќи нивните редови се проретчуваат“.
„Исфрустрираната и насилна опозиција соопшти дека се откажува од денешните насилни протести за преземање на власта со сила. Секако дека не заборави јавно да им се закани на највисоките државни претставници повикувајќи се на логиката на провинциските кануни (обичаи)“, напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.
Тачи наведе дека „целиот демократски свет го осудува насилството и насилните методи на опозицијата“.
Косовската опозиција новиот протест ќе го одржи на 28 ноември кога во Албанија се слави Денот на државноста на Република Албанија, попознат како Ден на знамето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба



