Наталија и Гордана Винчиќ ќе имаа мега изложба во Малме на која ќе бидат изложени повеќе од 100 уметнички дела. Во галерискиот простор од 500 метри квадратни, “Caroli City” сестрите ќе ги изложат сликите под наслов „Сестрите Винчиќ во земјата на чудата“.
-Од секогаш сонувавме да ја споиме уметноста со личниот развој и напредок. Огнената желба да го реализираме тоа континуирано се изразува преку нашето сликарство. Тоа што постојано не води напред е фасцинираноста од подсвесното знаење кое лежи во секој од нас и ние сакаме толку тоа знаење да го кај ТЕБЕ, набљудувачот. Мистеријата на животот, митологијата и јазикот на симболите се спојуваат во нашите слики и постојано инспирираат свест и среќа. Сите слики кои ќе бидат изложени на изложбата во Шведска се оригинални и уникатни, велат сестрите Винчиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.