| четврток, 6 декември 2018 |

На Заев ќе му се суди за примање поткуп од 200.000 еврa

На лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе му се суди за поткуп од 200.000 евра. Кривичниот суд преку соопштение објавено на својот веб страница информираше дека Обвинителниот акт на Обвинителството за организиран криминал и корупција против лидерот на СДСМ е потврден од страна на Советот за оценка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје  кој постапуваше во постапка за оценка на обвинителниот акт.

zaev-

Обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција е потврден од страна на Советот за оценка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје  кој постапуваше во постапка за оценка на обвинителниот акт КО.бр.66/15 против осомниченото лице З.З. од Струмица за кривичното дело „примање поткуп“ од чл.357 ст.5 в.в со чл.357  ст.1 и 2 од КЗ.

По одржано јавно рочиште за оценка на обвинителниот акт на 01.07.2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната, по ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани.

Предметот ќе биде распределен кај судечки судија од Одделението за организаран криминал и корупција, кој треба да го насрочи предметот за што јавноста ќе биде дополнително информирана.“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top