Австралиската актерка е позната по големи улоги кои ја одбележаа нејзината кариера, а со новата трансформација ги остави сите без здив.
Кејт Бланшет се појавила во нов уметнички проект, за кој се трансформирала во бездомник, но и во учителка, работник во фабрика и рок дива. Кејт прифатила вакви промени за потребите на една изложба под назив „Манифесто“ зад која стои уметникот Џулијан Розфелт од Берлин.
Оваа изложба ќе биде отворена во декември во Мелбурн, а посетителите ќе имаат можност да ја видат актерката во различни улоги. Кејт за овој проект снимила 13 различни монолози кои зборуваат за улогата на уметникот во денешното општество. Од сите трансформации, се оддели онаа каде таа се претставува како бездомник, кој воодушеви многумина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.