| четврток, 6 декември 2018 |

Младите од Македонија дел од интернационалното жири на „Џифони Албанија“

И оваа година младите од нашата земја ќе бидат дел од интернационалното жири на десеттото јубилејно издание на Филмскиот фестивал „Џифони Албанија“ којшто од 17-ти до 22-ри ноември се одржува во Република Албанија…

Виктор Васев, Јана Ангеловска, Павел Тодоровски и Драгана Ацовска се македонските претставници во рамките на „Џифони Албанија“. Преставниците од средните училишта во текот на шест дена ќе имаат можност да проследат бројни филмски проекции, да зборуваат за филмското искуство со специјалниот гостин италијанскиот актер Giulio Berrutti и другите филмски работици од Република Албанија како и ќе имаат простор за меѓусебно дружење и споделување на сопствените фестивалски искуства.

За време на фестивалските денови се предвидени и две екскурзии во Драч и Круја со цел младите подобро да се запознаат со албанската култура и знаменитости.

Присуството на нашата млада делегација е благодарение на континуираната соработка и остварените проекти под брендот “Џифони” помеѓу Агенцијата за филм на Република Македонија и Giffoni Experience, Италија, а во организација на Здружението за ширење на филмска култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top