| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски ден на фестивалот „Џифони-Искуство“ (галерија)

На „Македонската вечер“ на која пред учесниците беа претставени културното богатство на Република Македонија и македонски производи, присуствуваше и македонска делегација предводена од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башески и други претставници.

11703328_866289990124090_1727651595687354283_n

11707631_866290040124085_7577783728785868975_n

11742819_866289946790761_8364442545908886905_n

11745836_866289970124092_716255036467144874_n

11760175_866289103457512_5675839595624872302_n

Во рамките на посетата, Канческа-Милевска оствари работна средба со градоначалникот на градот Џифони (Giffoni Valle Piana ), Паоло Русомандо, на која присуствуваа и амбасадорот на Македонија во Италија, Оливер Шамбевски; амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белели.

italija_kanceska_4

На средбата беа разменети мислења околу соработката меѓу двете земји на сите нивоа и во сите општествени сфери, а особено беше изразено задоволството од досегашната соработка меѓу двете земји во областа на културата. Канческа–Милевска го истакна гостувањето на реномирани уметници од Италија во нашата земја, како и реализацијата на многубројни проекти по повод претседателството на Италија со Европската Унија.

Во текот на вчерашниот ден министерката за култура оствари средба и со основачот и уметничкиот директор на фестивалот „Џифони искуство“, Клаудио Губитози, како и со Пјетро Риналди, претседател на фестивалот. Канческа-Милевска се сретна и со 12-те македонски учесници на фестивалот, кои се дел и од меѓународното жири на оваа манифестација.

На средбата тие ги споделија своите искуства и сознанија стекнати во текот на досегашното дружење со своите врсници од целиот свет. Министерката за култура, имаше свое обраќање пред учесниците на фестивалот на кој беше претставена македонската кинематографија преку четири краткометражни филмови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top