| четврток, 6 декември 2018 |

„Џифони Македонија“ гостува на „Браќа Манаки“

Во рамките на Вип детската програма која е наменета за најмладата публика на „Браќа Манаки“ гостува и фестивалот „Џифони Македонија“ кој во рамките на проектот „Џифони патува“ ќе го претстави новото издание кое треба да се одржи од 7 до 11 октомври.

– Чест ми е што оваа година соработуваме со реномираниот фестивал „Џифони“ токму тука на „Браќа Манаки“. Уживајте во филмот и шестата клапа е во ваши раце – изјави Фросина Бошкова, одговорна за спонзорства во Вип оператор.

Оваа програма шести пат се организира во рамките на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“.

– Овде во Битола ќе одржиме две работилници, една за фотоприказна, а друга за едноминутни филмови. Покрај тоа ќе бидат прикажани и филмовите „Лоре“ и „Чесен пионерски збор“. Оваа година мотото на фестивалот „Џифони Македонија“ ќе биде „Daydreaming”- рече Стефан Палитов од организацијата на „Џифони Македонија“.

Проектот се реализира во соработка со Агенцијата за филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top