| четврток, 6 декември 2018 |

Терористичка закана го испразни стадионот во Хановер

<> on November 17, 2015 in Hanover, Germany.Поради стравот од нови терористички напади на спортските терени по масакрот во Париз, вечерашниот меч кој требаше да се игра во Хановер помеѓу фудбалските селекции на Германија и Холандија е одложен.

И покрај најавите дека дека овој натпревар сигурно ќе биде одигран, последните информации говорат дека мечот е одложен, а стадионот во Хановер се евакуира.

Иако беше најавено дека на мечот ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел, истиот е одложен откако се појавила сериозна закана од тероризам.

Попладнево на улица во центарот на Хановер беше оставена торба што крена паника меѓу граѓаните, а германската полиција најави дека во текот на ноќта ќе излезе со официјално соопштение за причините за ваквата одлука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top