| четврток, 6 декември 2018 |

И Германија ќе ја нападне Исламската држава

isis6Германски политичари бараат од канцеларката Ангела Меркел да им се придружи на меѓународната коалиција и на Русија кои што засега во посебни воени операции се обидуваат да ја уништат Исламската држава.

Членовите на пратеничката група на нејзината партија во Бундестагот бараат Меркел да ги напушти своите доминантно пацифистички принципи во надворешната политика и да се вклучи во отстранување на опасноста од Исламска држава, јави дописникот на МИА од Берлин.

Пратеникот на ЦДУ Ненинг Оте вели дека Берлин треба да ги искористи сите можни средства вклучувајќи ги и воените за борба против ИД.

Неговиот колега Јирген Харт вели дека доколку постои нов заеднички чадор под закрила на ОН, кој што ќе ги вклучи западот и Русија Германија треба да даде значителна поддршка за таа акција и тоа не само на дипломатско и економско поле туку во сферата на воените активности.

Германија по втората светска војна водеше надворешна политика во која нејзините воени сили не смееа да интервенираат надвор од државните граници освен во случаи на природни катастрофи. По обединувањето според уставот улогата на армијата е опишана како апсолутно дефанзивна, но не е ограничена само на германските граници. „Бундесверот“ од почетокот на деведесетите години на минатиот век учестувал во голем број воени операции на НАТО или Европската унија со добиен мандат од Обединетите Нации. По акциите во во поранешна Југославија, Камбоџа и Сомалија неколку илјади германски војници биле или се уште се ангажирани во Авганистан, Косово, Турција (операција Активен штит), Медитеранот, Ртот на Африка, Либан; Мали и Судан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top